Liverpool-Real Madrid 2 (1.85)

Вечерва се играат натпреварите од 3-то коло во рамките на Лигата на Шампиони.Играат Ливерпул-Реал Мадрид,а ние типуваме на гостите.

Екипата на Ливерпул во првите две кола има една победа против Лудогорец со 2:1 и пораз од Базел со 1:0

Од друга страна пак Реал Мадрид на првите два натпревари имаат две победи (Базел 5:1,Лудогорец 1:2).

Традицијата е пак на страна на домаќинот која против Реал имаат одиграно два натпревари и на два пати биле подобри.

Повредени играчи на Ливерпул:Фланаган,Стариџ,Сако.

Повредени играчи на Реал Мадрид:Абнер,Бејл,Фабио Коентрао,Хесе,Рамос.

Olympiakos-Juventus 2 (2.15)

Вечерва играат и Олимпијакос-Јувентус.Ние типуваме на гостите.

Екипата на Олимпијакос на првите два натпревари имаат една победа против Атлетико Мадрид со 3:2 и пораз од Малме до 2:0.

Од друга страна и Јувентус има ист скор,една победа против Малме со 2:0 и пораз од Атлетико Мадрид со 1:0.

И традицијата е на страна на Јувентус кој против Олимпијакос имаат 4 победи,еден нерешен натпревар и еден пораз на 6 меѓусебно одиграни натпревари.

Повредени играчи на Олимпијакос:Бенитез,Сиовас.

Повредени играчи на Јувентус:Барзаљи,Касерес,Љоренте,Мароне.

Atl. Madrid-Malmö 1 и 3+ (1.9)

Друг интересен натпревар вечерва е натпреварот Атлетико Мадрид-Малме.Ние типуваме на домаќинот и 3 или повеќе голови.

Екипата на Атлетико на првиот дуел загуби од Олимпијакос со 3:2,за на вториот да ја победи екипата на Јувентус со 1:0.

Од друга страна пак Малме на првиот дуел исто така претрпе пораз од екипата на Јувентус со 2:0,а на вториот натпревар пак ја совлада екипата на Олимпијакос со 2:0.

До сега овие две екипи се немаат сретнато.

Од екипата на Атлетико Мадрид повреден е само Тиаго.

Повредени играчи од Малме:Бломквист,Е.Јохансон,Халсти,Хеландер.

Metalist-Legia 2 (2.65)

Вечерва се игра и еден натпревар во рамките на Лига Европа.Играат Металист-Легија,а ние типуваме на гостите.

Екипата на Металист на првите два натпревари претрпе два порази (Трабзонспор 1:2,Локерен 1:0).

Од друга страна пак Легија на првите два натпревари има две победи (Локерен 1:0,Трабзонспор 0:1).

До сега овие две екипи одиграле само еден меѓусебен дуел и тогаш триумфирала екипата на Металист со 1:4.

Од екипата на Металист повреден е само Клејтон Ксавиер.

Суспендирани и повредени играчи на Легија:Жиро,Брзиски,Доса Жуниор,Радовиќ.