Мислиме дека производите се сосема безбедни ако се наоѓаат на пазарот, но постојат замки кои се кријат во некои од нив. Некои опасности не ги забележуваме.Но, многу производи содржат состојки кои со текот на времето сериозно го нарушуваат здравјето.

Мобилни телефони
Иако, барем официјално, вкупниот ризик и понатака е многу низок, некои истражувања покажуваат дека луѓето кои во текот на изминатото десетлетие или подолго телефонирале и секојдневно користеле мобилен телефон,имаат поголема веројатност да заболат од тумор на мозокот. Испраќањето СМС пораки или разговор за време на возењето автомобил, ја зголемува можноста за автомобилска несреќа за четири пати, што можеби и претставува далеку поголем ризик од зрачењето.

Пластични завеси за туш кабини
Пластичните завеси за туш кабини носат опасност од потенцијални реакции до кои може да дојде, а кои можат да бидат канцерогени ако се работи за подолга изложеност, но и во краток временски период може да предизвикаат мачнина и главоболка.

Освежувачи за простор
Едно истражување на њујоршка здравствена организација покажало дека честата употреба на освежувачи за простој е една од најголемите причини за развој на астма кај децата.

Антибактериски сапуни
На листата состојки од големиот број антибактериски сапуни за раце, геловите за тело и некои забни пасти е триклосан, кој е уништувач на бактерии, но истовремено може да постигне и развој на некои опасни бактерии кои се отпорни на антибиотици.