Загреб, Рига, Берлин и Мопеље ќе бидат градовите домаќини на фазата по групи, на Европското првенство во кошарка кое ќе се одржи следната година.

Првично домаќин на Евробаскетот требаше да биде Украина, но поради сложената политичка ситуација во оваа држава, ФИБА мораше да и го одземе домаќинството.

По завршувањето на фазата по групи, натпреварувањето ќе се пресели во Лил, каде ќе се игра завршницата. Инаку, мечевите во Лил ќе се играат на фудбалски стадион чии капацитет изнесува 27.000 места, кој за оваа прилика ќе биде покриен.

Украина, доколку се реши политичката криза, ќе биде домаќин на Евробаскетот во 2017 година.

„Макфакс“