Досега ниту еден граѓанин на Република Македонија нема добиено азил во земјите на Европската Унија. Оние кои тоа го направиле, според официјалните податоци, биле вратени назад и добиле 5 – годишна или трајна забрана за патување во земјите на ЕУ.
По предлог на министерството за правда, злоупотребата на безвизниот режим ќе биде кривично дело за кое е предвидена и казна затвор во времетраење од 4 години.