Од вчера (1 март), официјално стартуваше пријавувањето на третото издание на Планинарската трка „Охрид Ултра Треил“, која ќе се одржи од 14 мај до 16 мај на планината Галичица, Охрид и Охридското езеро.

Понудата е богата и привлечна за секој љубител на трчањето во планина. Годинава на програмата има четири трки, што сигурно ќе ги задоволи побарувањата на сите посетители, кои доаѓаат од странство и Македонија.

Најкратка трка е на 22 километри (Летница), потоа следуваат Самотска (40 километри), Галичица (66 километри) и најдолгата Охрид Ултра Треил која е долга 110 километри.

Пријавување и подеталните информации околу се што е поврзано за Планинарската трка „Охрид Ултра Треил“ на интернет страна, тука.

 

OhridNews