Македонскиот шампион Вардар е пред пласман на завршниот Ф4 турнир во Лигата на Шампионите, а четири ракометарки од „црвено-црните“ се наоѓаат во конкуренција за „Ол стар“ тимот.

ЕХФ им дава можност на навивачите да го изберат својот идеален тим на сезоната. Номинирани ракометарки од Вардар се чуварот на мрежата Амандин Лејно, бековите Андреа Пенезиќ и Александра Лакребре и пивотот Драгана Цвијиќ. На квартетот ракометарки им се приклучува Ирина Дибирова која номинрана во изборот за најдобар тренер.

Победниците, односно идеалниот тим ќе биде прогласен за време на финалниот викенд во Будимпешта на 12 и 13 мај. Гласањето се одвива на следниот линк и е отворено до 8 мај 2018 година.

OhridNews