Новиот ракометен шампион на Европа, Вардар има четири свои преставници во дрим тимот на Лигата на Шампиони, односно четири играчи кои го одбележаа завршниот турнир во Келн.
„Црвено црните“ очекувано го имаат најдобриот голман Арпад Штербик, кој ја освои и наградата за најкорисен играч. Меѓу најдобрите место имаше за десниот бек Алекс Душабајев, левото крило Тимур Дибиров и за златното момче Иван Чупиќ кој го постигна голот за шампионска титула.
Друштво на најдобрите ракометари од Вардар му прават Микел Хансен, Арон Палмарсон и Андреас Нилсен.
Тимот на Ф4:
Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)
Лев бек: Микел Хансен (ПСЖ)
Среден бек: Арон Палмарсон (Веспрем)
Десен бек: Алекс Душебаев (Вардар)
Десно крило: Иван Чупиќ (Вардар)
Кружен напаѓач: Андреас Нилсен (Веспрем)
Голман: Арпад Штербик (Вардар)
OhridNews