Европското првенство во кошарка во 2017 година ќе се одржи во четири држави – Романија, Финска, Израел и Турција. Домаќин на нокаут фазата ќе биде Турција.

Јубилејното 40-то ЕП во кошарка втор пат ќе се одржува во четири држави, ќе учествуваат 24 земји, кои ќе бидат поделени во четири групи со по шест репрезентации, а во нокаут фазата ќе одат по четири селекции од секоја група.

Покрај домаќинот, пласман на ЕП веќе обезбедија Шпанија, Литванија, Франција, Србија, Грција, Италија и Чешка.

Турција последен пат домаќин на Евробаскетот била во 2001 година, тогаш триумфираше Југославија пред Турција и Шпанија. 

Ohridnews