Изведбите ќе се одвиваат пред Центарот за култура и Библиотека” Григор Прличев“ и дел на градскиот плоштад (и малото пристаниште)
Ова е прв фестивал во Охрид чија програмата опфаќа: цртање на …графити, проекција на филмови, инсталации, рецитал и музичка поддршка.
Ќе учествуваат млади уметници од државава од повеќе области, а за подетален преглед ви ја доставуваме целосната програма.
За филмските проекции направена е соработка со скопското здружение “Цомпрессор 3КТ”, на која ке учествуваат македонските режисери: Ѓорѓи Јаневски, Иван Ивановски и Јане Алтипармаков.
Отворањето ќе биде со авторски перформанс на АРТерија, „Залепи се!“ (Културна вакцинација) кој воедно претставува визуелно и симболично претставување на групата и нејзините цели.
ПРОГРАМА:
– 18 јуни, Сабота, Градски плоштад:
18 ч. Перформанс „Залепи се!“
АРТерија и музичка група од Државното средно музичко училиште од Струга
– 19 јуни, Недела, Центар за култура:
18-21 ч. Цртање графити: Владимир Трајаноски, Мики Блажески, Илија Богданоски, Незир Керимоски и Петар Стефаноски
21 ч. Перформанс: Даниел Коцев
21.30 ч. Коктел
22 ч. Филмска проекција: Компресор ЗКТ
Инсталација: Ален Реџепагиќ и Даниела Илиевска
– 20 јуни, Понеделник, Центар за култура:
18-21 ч. Цртање графити
18-21 ч. Изложба: Кирче Стојоски
21 ч. Перформанс: „Името ми е Владимир Лур“ – Ненад Јолдески и Јован Наумоски
21.30 ч. Коктел
22 ч. Филм проекција: Компресор ЗКТ
Инсталација: Ален Реџепагиќ и Даниела Илиевска
– 21 јуни, Вторник:
19 ч. Перформанс: АРТерија
Центарот за културен проток АРТерија од Охрид е здружение на млади ликовни уметници, оформено во декември 2010. Го сочинуваат 15 дипломирани и магистрирани сликари, вајари, графичари, графички дизајнери и фотографи од Охрид. Без оглед на краткиот временски период на постоење , досега успеале да реализираат и остварат не само проекти кои имале за цел претставување на творештвата на членовите од групата , туку и на изложби на млади автори од Р. Македонија и префрлување на веќе реализираните изложби од Скопје во Охрид.