Со извонреден концерт пред бројни членови на конгресот, сенатот, приватниот сектор и уметници од САД, охриѓанецот  Владимир Четкар синоќа во Вашингтон ја претстави македонската култура на највиско можно ниво.


Настапот на Четкар кој беше придружуван од Мото Фукушима на бас и Џефри Фахардо на тапани, наиде на одличен прием кај публиката, која уживаше со звуците на џезот и фанкот.


Домаќини и организатори на концертот што се одржа по повод Денот на благодарноста, еден од најголемите американски празници,   беа македонската министерка за култура Елизабета Канчевска-Милевска и амбасадорот на Македонија во САД, Зоран Јолевски кои имаа свое обраќање пред присутните.


По концертот дружењето со влијателната публика продолжило уште неколку часа во македонската амбасада каде гостите имаа можност да уживаат во македонското вино и храна.

OhridNews