Во прекрасниот замок Сан Салваторе во регионот Венето, Италија, охриѓанецот Владимир Четкар вчера одржа екслузивен концерт на свадбата на еден од потпреседателите на гигантот “Morgan Stanley“ (компанија за глобални финасиски услуги) кој е голем фан на Владимир Четкар.


На забавата присуствуваа познати бизнисмени од Европа и Америка кои  специјално за таа прилика допатува во Италија.


Четкар на концертот беше придружуван од Хју Вајт, Џонатан Харви и Џошуа Блекмор.

OhridNews