На 02.07.2022 во 00.40 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода три лица на возраст од 20 до 22 години, сите од Охрид, затоа што претходно на кеј „Македонија“ го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

При преземање на службени дејствија со цел расчистивање на нарушувањето, полициските службеници биле спречувани од 23-годишно лице од Охрид поради што и тој бил лишен од слобода. соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

OhridNews