Македонските наставници Аида Петровска, Елизабета Николовска, охриѓанката Виолета Петковска и Георгина Димова од Македонија се меѓу 100 најдобри наставници во светот.
Наградата за најдобар наставник во светски рамки “Global Teacher Awards” им се доделува на наставниците кои даваат особен придонес во својата професија како на локално така и на глобално ниво. На овој избор за најдобар наставник беа предложени наставници од 70 земји, а од илјадници наставници избрани се 100.
Изборот на најдобри наставници е спроведен од Alert Knowledge Services (AKS) од Индија кој соработува со училишта од целиот свет на едукација на директори на училишта, наставници, библиотекари, советници во образование со една единствена цел – изградба на подобро општество преку образование. Во средина на септември се планира конференција на која ќе се доделат награди за добитниците: трофеи, сертификати, беџови, како и можност за презентација на досегашната работа и промоција на образованието на земјата од која доаѓаат кандидатите.