Пивотменот Иван Тасески и левиот бек Дарко Георгиевски не беа во можност да ја прослават победата над Струга во соблекувалните со соиграчите, откако беа повикани за допинг тест. Покрај ракометарите на Охрид во просторијата за допинг беа Дарио Петрески и Александар Тренчевски.

Симптоматично беше што охридското дуо Тасески – Георгиевски дербито го заврши предвреме поради трите исклучувања, а сигурно допинг комисијата поради желбата за игра ги повика играчите на проверка. Георгиевски постигна шест голови, а Тасески еден. Во таборот на стружани Петровски реализираше осум погодоци, а пивотменот Тренчевски застана на два.

Тасески и Георгиевски после завршувањето на прегледите им се приклучија на ракометарите во фештата после победата во дербито. Резултатите од допинг контролата ракометарите или клубовите ќе ги добијат после две седмици.

OhridNews