Инцидентот според охридската полиција се случил вчера во 17:31 часот. Во СВР Охрид било пријавено дека на базен во хотел во Охрид се почувствувал продорен мирис на хлор и зголемена пареа од базенот, по што четири лица добиле силна кашлица.

Тие биле пренесени и задржани во Општата болница во Охрид и се надвор од животна опасност. Од преземените мерки е констатирано дека настанал технички проблем во системот за циркулација на водата, по што овластена фирма извршила замена на системот. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе следува соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

OhridNews