Четворица Македонци повредени во сообраќајка кај Белград
16.07.12 15:10
Четворица Македонци, меѓу кои и едно бебе, биле повредени рано утрово во сообраќајна несреќа во близина на Белград, јавија денеска српски медиуми, пренесува Тв Телма.
Како што пишува белградскиот весник „Блиц“, станува збор за печалбари што работеле во Словенија и кои се враќале во Македонија. Несреќата се случила кај клучката на автопатот за излез од Белград. Биле повредени сите патници, вклучувајќи го и шестмесечното бебе. Една жена имала скршеница на ногата и раката, како и повеќе расеченици на лицето, а другата жена што била во возилото имала тешка повреда на ‘рбетот. На мажот што го управувал возилото му е повреден вратот. Бебето минало со полесна повреда на рамото.
Според првичните информации, до несреќата дошло најверојатно поради тоа што возачот заспал зад воланот.
Девет кандидати во Струга ќе ја водат трката на претстојните избори за градоначалничката функција Меѓу нив Јована Мојсоска од Левица, Арсим Далипи од Националната алијанса за интеграција предводена...
Наскоро ќе започне изградбата на атмосферска канализација на просторот кај градските гробишта, по што ќе следува и целосно асфалтирање, најави денеска градоначлникот Кирил Пецаков при посетата на ј...
Во издавачката програма на „Струшките вечери на поезијата“ од печат излезе панорамата на македонската винска поезија „Дионис и Свети Трифун“ која ја приреди Славе Ѓорѓо Димоски и на фестивалот имаш...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.