Четворица доктори по општа медицина кои работат во Специјалната болница за ортопедија и трауматоогија „Свети Еразмо“ во Охрид, во текот на првата половина од оваа година ќе заминат на специјализација во Клиничкиот центар во Љубљана, Словенија.

Од управата на болницата информираат дека целокупните трошоци за специјализацијата ќе ги покрие Министерството за здравство на Република Македонија.

-Двајца од избраните доктори ќе одат на специјалзација по ортопедија, еден доктор ќе специјализира анестезија, а еден доктор ќе оди на специјализација за трауматолог. Откако ќе им заврши специјализацијата, која најверојатно ќе трае околу шест години, овие доктори, со своето знаење и стекнатото искуство ќе придонесат за зголемување на квалитетот на здравствените услуги кои ги нуди нашата специјална болница, вели д-р Митко Тилев, директор на Специјалната болница за ортопедија и трауматоогија „Свети Еразмо“.

Тој објаснува дека во моментов докторите посeтуваат обука за учење на словенечки јазик, а откако ќе ги добијат потребните сертификати ќе треба да заминат за Словенија.

OhridNews