
Пријавените, во периодот јануари-март 2009 година, кривичните дела ги извршиле со насилно кршење на стаклата од влезните врати на еден деловен објект и повеќе куќи во Струга, Октиси, Подгорци и Лабуништа. Мета на шест-члената група биле куќи чии сопственици живееле во странство, во кои, по точното лоцирање, со употреба на камен или штрафцигер влегувале од задната страна, вршеле детално пребарување по сите соби и помошни прос- тории од каде одземале пари, значителна количина златни предмети изработени од жолто и бело злато, поголема број машка и женска гардероба, плазма телевизори, камери, фото-апарати, музички системи и разна музичка опрема, а пронашле и одзеле еден гасен пиштол.


Одземените предмети, потоа со патничко моторно возило управувано од лице од Албанија но и со такси возило од Струга, биле префрлани во куќата на првопријавениот кој по неколку дена, успеал дел од предметите да ги продаде на лице од Кичево. При извршени претреси, пронајдени се непродадените предмети како и дел од веке продадените, истите се одземени и вратени на оштетените. Со извршените кривични дела, пријавените се стекнале со против-правна имотна корист од еден милион и двеста педесет и шест иљјади денари. Се преземаат дополнителни мерки за расветлување на уште не- колку други кривични дела поврзани со оваа група.
извор: СВР Охрид












