Четири лица се полесно повредени при пожар кој вчера избувнал во лифт од зграда во Струга.
Како што информираат од МВР, вчера околу 11,40 часот во Струга на ул.„Маршал Тито“, избувнал пожар во лифт во зграда. Од пожарот биле затруени со ЦО2 четири лица, на кои им е укажана лекарска помош во Медицински центар Струга, по што сите се пуштени на домашно лекување. 

Пожарот е изгаснат од страна на екипа од ТППЕ-Струга.

OhridNews