Погодок ќе биде потребен на мечот на “Хемпден парк“ во Глазгов на историскиот натпревар против Шкотска, погодок за победа која широко ќе ни ја отвори вратата за пласман на второто место во групата 9 кое би не одвело до бараж натпревар за пласман на СП 2010 година во ЈАР.
Четири пати во овај квалификациски циклус се тресеа противничките мрежи и тоа четворица различни напаѓачи ја погодуваа мрежата за огромна радост на љубителите на фудбалот.
Наумоски, Пандев, Стојков и Иваноски погодоците ги постигнаа на македонска почва и сите се едногласни дека време е да се вратиме од гости со полн плен.
Стрелецот на единствениот, победничкиот гол на ’Филип Втори’ против шкотите, Наумоски очекува цврст натпревар и повикува на претпазливост.
– Шкотска сигурно нема да не потцени бидејќи во Скопје загубија со 1:0 и затоа ќе бидат максимално концентрирани за претстојниот натпревар кој и за Шкотска претставува последна шанса за бараж. Ако загубиме во Шкотска нема што да бараме во Норвешка и затоа целата концентрација е насочена кон претстојниот натпревар во Глазгов. Сметам дека доколку ја повториме играта од „Градски“ моѓеме да ги добиеме шкотите.
17 пати ги тресел противничките мрежи и заедно со Христов е најдобриот стрелец во дресот со националниот грб. Голема е одговорноста но голем е и предизивкот за Горан Пандев во пресрет на мечот на“ Хемпден парк“.
– Во ситуација сме сами да одлучуваме за нашата судбина и сега е момнетот кога треба да покажеме верба во себе. Шкотска е квалитетна репрезентација, но ние не треба да ја пропуштиме оваа шанса, туку треба да изгинеме на теренот и со победа да одиме на Норвешка и да влеземе во историјата на македонскиот фудбал. Шкотска е фаворит на овој натпревар, бидејќи и за нив ова ќе биде последна шанса. Сметам дека нашата шанса ќе бидат контра нападите и мислам дека можеме да ги изненадиме шкотите. Имаме квалитетна репрезентација, го покажавме тоа во првото полувреме против шпанците и мислам дека со една концентрирана игра можеме да ги изненадиме домаќините.
Аце Стојков, како препороден игра по доаѓањето на Јонуз на македонската клупа, а на неговата доверба му врати со погодок со кој го отвориме резултатот против Исланд на Филип Втори.
– Не очекува тежок натпревар, домаќините понесени од публиката ќе нападнат од првата минута, а сигурно дека не чека пекол. Нашата шанса ќе ја бараме во стрпливата игра, мора да се игра дисциплинирано и концентрирано и од контранапади да се обидеме да го загрозиме противничкиот гол. Ако ги повториме 45 минути од Шпанија мислам дека може да ги изненадиме.
Филип Иваноски имаше деби од соништата откако со погодок во противничката мрежа ја започна репрезентативната кариера. Тој е подготвен на предизвикот и остава на селекторот Јонуз да одлучи дали ќе добие шанса, која се надева и тоа како ќе знае да ја искористи.
– Како и сите репрезентативци и јас се надевам на победа и на поволен резултат кој ќе не остави во трката за второто место во групата. Победа би било идеална но сигруно би биле и задовлно и со реми. Знаеме што очекува од нас македонската јавност и ќе се обидеме да ги оправдаме нивните очекувања.
Натпреварот Шкотска – Македонија се игра поладне во 16 часот.
На симболичен начин вчеравечер беше означен стартот на 10-то јубилејно издание на „Ohrid running weekend“ со ноќната трка каде учество земаа вљубеници во спотот, рекреативци, луѓе исполнети со пози...
Ноќната трка која ќе се одржи вечер со почеток во 21 часот ќе го означи стартот на 10-то јубилејно издание на спортската манифестација „Охрид трчаТ“, која има богата програма утре и во недела кога ...
Од 5 до 7 јуни Охрид по 10ти пат повторно ќе живее во ритамот на трчањето, забавата и дружењето Над 2700 тркачи од 31 држава од светот ќе бидат дел од јубилејното 10 издание на атлетскиот викенд „О...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.