Четвртиот уписен рок на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид ќе се одржи на 2-ри и 3-ти октомври 2023 година.

Слободни места има на насоките: царина и шпедиција- 32 (со школарина), царина и шпедиција (на англиски јазик)- 7 (државна квота) и 8 (со школарина), осигурување и менаџмент со ризик- 2 (државна квота) и 25 (со школарина), менаџмент во услужен сектор- 26 (со школарина), туризам- 2 (државна квота) и 28 (со школарина), туризам (на англиски јазик)- 8 (државна квота) и 8 (со школарина), гастрономија- 7 (државна квота) и 20 (со школарина) и во хотелско ресторански менаџмент- 10 (државна квота) и 10 (со школарина).

Идните студенти може да се пријават и онлајн на upisi.uklo.edu.mk.

OhridNews