Реванш натпреварите во 1/4 финалето во Лигата на Европа ќе ги дадат четирите полуфинални протагонисти во најмасовното клупско натпреварување на стариот континент.


Картите, односно можностите отворени се во сите четвртфинални пресметки и секоја од осумте екипи има шанси за пласман меѓу најдобрите четири.

Од домаќините во реванш натпреварите во најдобра позиција е Манчестер Јунајтед кој ремизираше 1-1 со Андерлехт во првиот натпревар во Белгија, додека на останатите три домашните состави Бешикташ, Шалке и Генк мораат да бркаат негатива од првите мечеви со Лион (1-2), Ајакс (0-2) односно Селта (2-3).

Натпреварите се играат во 21 часот и 5 минути, а ждрепката за полуфиналните парови е во петок со почеток во 13 часот.

Двојки: Шалке – Ајакс (0-2), Манчестер Јунајтед – Андерлехт (1-1), Бешикташ – Лион (1-2), Генк – Селта (2-3).

OhridNews