Четврта година во низа македонски атлетичари го истрчаа ултрамаратонот долг 110 километри во чест на Тоше Проески. Експедицијата составена од 18 атлетичари кои штафетно ја минуваат долгата етапа пристигна на 12 октомври во Нова Градишка каде беа дочекани од  градоначалникот на Нова Градишка, амбасадорот на РМ во Хрватска и фановите на Тоше од Хрватска.


Ултрамаратотно започнал На 13 октомври во 6.20 мин а го означичил амбасадорот на РМ го со поздравот “За кого …..За Тоше” .


– За време на трчањето низ Хрватска мал проблем ни задаваше врнежливото време. По нешто повеќје од 12 часа трчање стигнавме до хрватско – српската граница. На 14 ти, во 4 часот стигнавме во Белград, пред Белградска арена каде што имавме 3 часовен одмор и дружба со фановите на Тоше од Србија – рече охриѓанецот Огнен Павловски кој втора година е дел од експедицијата.


Посебна подршка на експедицијата пристигнала од директорот на агенцијата за млади и спорт Лазe Поповски кој во целост ги подржал кон остварувањето на нивната цел.

– На 15-ти околу 13 часот пристигнавме во Македонија. Во Скопје на плоштадот Македонија бевме пречекани од градоначалникот на Скопје и директорот на Агенцијата за млади и спорт, како и од фановите на Тоше. Од плоштадот продолживме со трчање до фонтаната Тоше Проески во насебата Аеродром,а оваа делница заедно со нас ја истрча и директорот на агенцијата за млади и спорт. Од фонтаната Тоше Проески патот го продоживме кон Крушево. Пред влезот на Крушево не изненади снегот кој започна да врне. Во 12 часот пристигнавме на Гумење, на гробот на Тоше – рече Павловски.


Времето и овај пат беше пријател на маратонците кои достојно му оддадоа почит кон Тоше Проески.

М.П.