Младинскиот културен центар од Охрид во соработка со Светската фестивалска асоцијација, ИФФОМ и Туристичкиот сојуз од Охрид го организира четвртиот меѓународен фестивал “Езерска музика и танци”.
На фестивалот свое учество ќе земат групи од Латвиа, Бугарија, Босна и Херцеговина, Романиа и Турција. Во времетраење од два часа присутната публика ќе има можност да се запознае со традиционалните носии, песни и танци од различни делови од Европа.
Фестивалската вечер е во сабота 30 април со почеток од 19.30 часот во Центарот за култура Григор Прличев во Охрид, а влезот за посетителите е слободен.
OhridNews













