Најдобриот ракометар во историјата на Македонија, Кирил Лазаров четврта година по ред ќе организира ракометен камп со меѓународен карактер во Охрид.  Домаќин четврта година по ред на учесниците на кампот кој втора година ќе се одржи во две смени од 20-26 јуни и 26 јуни до 2 јули ќе биде хотелот Аквалина.

– Со особена гордост и задоволство Ви го најавуваме четвртото издание на најдоброорганизираниот ракометен камп на овие простори, камп на капитенот на македонскиот национален тим и најдобар македонски спортист, Кирил Лазаров.

Кирил е подготвен да одвои време, подготвен е целото негово знаење кое го стекнал во својата пребогата спортска кариера да го пренесе на на младите во нашата Македонија. Седум дена поминати во тренинг со Кирил Лазаров и неговиот тим од трнери, седум дена дружење, едукација, квалитета надградба во секоја смисла е најдобро поминато слободно врме за нашите млади ракометари. Ракометари кои во иднина треба да прераснат во врвни спортисти и добри личности. – стои во најавата за четвртиот камп на Лазаров.

Во трите претходни ракометни кампови поминаа над 700 учесници, а Лазаров за поголема афирмација на ракометот отвори и ракометни школи ширум Македонија кои го носат неговото име.

OhridNews