Владата на Италија донесе одлука да стави во изолација 15 провинции, меѓу кои и Ломбардија, со цел да се запре ширењето на вирусот Covid – 19, познат како корона вирус. Одлуката уследи откако вчера во земјата биле регистрирани нови 36 смртни случаи, со што бројот на починати од корона вирус во Италија достигна 233.

Во провинциите под карантин ќе може да се влезе или излезе само во исклучителни и неодложни случаи, информираше италијанската влада.

Катедралата Дуомо во центарот на Милано – Ломбардија

Во меѓувреме кинеските власти соопштија дека се регистрирани нови 44 случаи, со што бројот на заболени од корона вирус во земјата од која почна епидемијата, се зголеми на 80.695, додека во светски рамки тој број надмина 105.000.

Во Бугарија викендов се регистрирани 4 случаи на корона вирус, поради што тамошните власти и спортски асоцијации донесоа одлука предвидените натпревари од националните шампионати. меѓу кои и фудбалските лиги, да се играат без присуство на публика.

Во Македонија регистрирани се 3 случаи на заболени од корона вирус, а четириесеттина лица се наоѓаат во изолација.

Г.М.