На финалето од вториот Меѓународен HIPPO натпревар по англиски јазик организиран од Global Hippo,EDI и Pearson, меѓу првопласираните учесници е и стружанката Јасмина Шашко под менторство на професорката Александра Поповски Голубовиќ.

Шашко го освои високото четврто место за кое ќе добие меѓународен сертификат по англиски јазик и беше најуспешниот учесник од Македонија во категоријата ХИПО 5 .

Освоеното четврто место претставува големо достигнување за мене и за трудот кој веќе 10 години го вложувам во изучувањето на англиски јазик. Самиот натпревар беше одлично организиран и планирам да учествувам и следната година, да постигнам уште подобар резултат, вели Јасмина Шашко.

На меѓународниот HIPPO натпревар за англиски јазик во Италија, учествуваа 74 ученици од 8 држави.

Меѓу нив беше и ученикот Мартин Мурговски од ОСУ „Св.Климент Охридски“, под менторство на проф. Ана Топенчарова-Коваческа кој го освои осмото место.

OhridNews