Во рамки на предвидениот план и програма за работа денеска четвртоодделенците од ООУ „Христо Узунов“ беа во посета на Општина Охрид.

Тие ги информираа учениците за начинот на функционирање и надлежностите на локалната власт, за работата на општинската администрација и Советот на општината. Во пријатна атмосфера градоначалникот Пецаков ги сослуша и одговараше на сите прашања што му ги поставуваа децата, велат од Општина Охрид.
Денешната посета на учениците е во рамки на наставната програма за четврто одделение по предметот Историја и општество.
OhridNews













