Фудбалерите на Чезена успеаја да освојат бод на гостувањето во Милано ремизирајќи 1-1 со тимот на Интер во 27-та рунда од Серија А.


Гостите поведоа со 1-0 во 30-та минута со погодокот на Делфреи, а конечните 1-1 ги постави Родриго Паласио по само три минути игра во вториот дел.


Ремито со Чезена е второ во серија за „нероазурите“, а трет меч како не победуваат во Серија А.

Резултати : Аталанта – Удинезе 0-0, Џенова – Киево 0-2, Сасуоло – Парма 4-1, Верона – Наполи 2-0, Интер – Чезена 1-1.

Мх.П.