Мексиканскиот репрезентативец Хавиер Хернандез „Чичарито“ ќе паузира две недели од фудбалот поради бизарна повреда.
Чичарито во својот дом во Леверкузен паднал по скали и ја повредил раката која ќе го оддалечи од терените две недели.
Отсуството на Мексиканецот ќе биде голем пех за „фармацефтите“ на стартот на сезоната, откако минатата одлично се вклопи по доаѓањето од Манчестер Јунајтед.
Чичарито во 28 мечеви во германската Бундес лига постигна 17 голови, а забележителен настап имаше и во Лигата на Шампиони.
OhridNews