Вистинско трансфер лудило го зафати европскиот фудбал во последниот ден од летниот преоден рок. Нема екипа на трансфер пазарот која не се поврзува со некој одреден фудбалер.

Трансферот на Хавиер Хернандез „Чичарито“ од Манчестер Јунајтед во Баер Леверкузен е готова работа. „Фармацафтите“ за услугите на мексиканскиот репрезентативец ќе исплатат 10 милиони фунти.


Нови заслилување во пет до дванаесет доведоа Интер и Јувентус во имињата на бразилските интернационалци Филипе Мело односно Хернанес.

Мело на Џузепе Меаца се пресели од турскиот Галатасарај додека Хернанес токму од Интер замина во редовите на италијанскиот првак.

Ohridnews