Клучот за успехот се знаењето, визијата, упорноста и имањето добар тим за работа, вели проф. Д- р Ванчо Чифлиганец, генералниот директор на градежната компанија „Адора Инженеринг“ која за една деценија од своето постоење се искачи на врвот на градежниот сектор во Македонија. Компанијата е рангирана на 20- тото место по успешност и меѓу 5- те најбрзорастечки фирми во државава. Неодамна од Европската Бизнис Асамблеа ја доби и престижната меѓународна награда „Најдобра компанија“ и „Најдобар менаџер“ во 2012.
–
За остварените успеси ми носеа среќа и охридските води, бидејќи веќе три години се капам на за Водици, а во 2012 бев и кум на манифестацијата. Во наредниот период само оние кои знаат, кои се упорни и пожртвувани и компаниите кои градат квалитетно ќе опстанат на пазарот, за останатите место ќе нема. А, јас верувам дека има такви кои знаат и умеат тоа да го направат, вели Чифлиганец.
За една деценија компанијата „Адора Инженеринг“ има изградено 26 објекти во Скопје, Охрид и Струмица, во кои има над 1250 елитни станови, 150 деловни простории, 1500 модерни подземни паркинзи, резиденцијални вили, ексклузивни базени, а изградени се и две саат- кули, фонтани, мини трговски центар.
– Во наредните 10 години се гледам и понатаму во оваа бранша. Ќе има и едно пријатно изненадување за бизнис секторот во Македонија, а тоа е започнувањето со производство, но тоа засега е предмет на добра анализа од страна на мојот тим, најавува првиот човек на „Адора Инженеринг“.
По повод 10- годишниот јубилеј компанијата неодамна ја издаде монографијата „Само делата се вистина- 10 годишна успешна македонска приказна“, во која на 150 страни низ текстови за историјатот и развојот, фотографии и сведоштва, е прикажан подемот на компанијата, која е препознатлива по стабилните, асеизмички и цврсти градби, по примената на меѓународните стандарди за квалитетно домување и по воведувањето на енергетски ефикасните објекти.
Т. К.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com