Охриѓанецот Климент Настоски  – Чико во наредната сезона ќе игра за албанскиот тим на Поградец. Тимот од другата страна на езерото по долга пауза ќе игра во најсилната албанска фудбалска лига, а охриѓанецот ќе има задача да го засили средниот ред од тимот на Јули Чекичи.


– Задоволен сум до приемот и пријатно изненаден од професионалниот однос на сите во клубот. Клубот по долго време се враќа во најсилната албанска лига и очекувам со добри игри да ги израдуваме домашните навивачи – рече популарниот Чико , за кого Пограедц е ново интернационално искуство по она во Кршко, Слованија и Олимпик, Босна и Херцеговина.


Покрај Настоски во тимот на Поградец ново засилување е српскиот напаѓач Владимир Савиќ од Рад. Тимот игра на стадионот Ѓорѓи Кучуку со капацитет од 6 илјади гледачи.

М.П.