Селекциите на Чиле и Боливија обезбедија пласман во четвртфиналето на Копа Америка од А групата.


Домаќинот го осигура првото место победувајќи го составот на Боливија во дербито со убедливи 5-0. Арангуниз два пати ја погоди мрежата на Боливија, а по еднаш прецизни беа Алексис Санчез и Медел, а печат победата стави Ралдес со погодокот во сопствената мрежата.


Пирова победа во последната рунда од групата забележа Еквадор 2-1 над последнопласираниот во групата Мексико.

Ohridnews