Селекцијата на Чиле триумфираше на 12-то издание на Копа Америка совладувајќи ја Аргентина во финалето по изведувањето на пеналите 4-1 (0-0).
Мрежите во регуларниот дел и во продолжението од натпреварот мируваа и победникот беше одлучен во пенал рулетот.
„Гаучосите“ се покажаа лоши пеналџии промашувајќи два од трите удари, а домаќините со четири погодени од исто толку обиди го освоија првиот трофеј во историјата.
За најдобар играч на Копа Америка беше прогласен Артуро Видал кој имаше голем пех во текот на турнирот удирајќи со автомобил во алкохолизарана состојба.
Мх.П.