Чилеанците и селекторот Хорхе Сампаоли му го простија инцидентот на Артуро Видал, кој со својот автомобил под дејство на алкохол имаше страотна сообраќајна несреќа.
На официјална пресконференција Видал и се извини на целата нација, која со сите погледи е насочена кон Копа Америка.
– Жал ми е поради тоа што се случи. Со мојата постапка изневерив многумина, а со моите игри во следните натпревари ќе направам да им вратам на навивачите и нацијата. – рече фудбалерот на Јувентус.
Видал ќе биде меѓу фудбалерите кои ќе конкурираат за настап за дуелот со Боливија во последната рунда од групната фаза.
Ohridnews