Чингоски: Народот ќе каже кој ќе победи на изборите а не анкетите
29.05.08 13:46
“Нашата изборна кампања и нашите предизборни активности се реализираа онака како што и ветивме уште на почетокот-во една крајно позитивна, релаксирана и демократска атмосфера. Совесно, професионално, посветено, во изминатите 19 дена нашиот општински изборен штаб секојдневно ги реализираше своите планирани предизборни активности, согласно утврдената агенда “, рече денеска на завршната прес-конференција, шефот на Општинскиот изборен штаб и кандидат за пратеник од СДСМ-Охрид, Томе Чингоски. При тоа, тој ја обвини власта дека води предизборна кампања со државни пари. “Изминатиов период, актуелната власт не престана со својата добро позната тактика, со закани, притисоци, заплашувања и насилство врз нашите граѓани да се обиде да си обезбеди гласови за својата коалиција “, додаде Чингоски.
Тој денеска запраша зошто се потребни анкетите, кога за неколку дена народот ќе си го каже своето на денот на гласањето. ” Дали во ВМРО навистина веруваат дека се уште можат да ги излажат граѓаните со такви наивни финти и ефтини измами, какви што се нарачаните анкети во текот на изборната кампања или со изборната листа со двојници на нашите кандидати”, праша Чингоски.
На денешната прес-конференција уште еднаш беа потенцирани дел од забелешките што ги има СДСМ и нејзината коалиција поврзани со предизборната кампања ВМРО-ДПМНЕ. ” Водат партиска кампања со државни пари, средбите со граѓаните ги одржуваат во објектите и институциите каде што директоруваат нивните кадри, ги возат возилата од државните институции за партиски цели, безмилосно и несовесно да трошат државни пари”, обвини денеска Чингоски.
По повод Денот на македонскиот јазик во понеделник на 5 мај од 12 часот НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид организира пригодна свеченост Премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „80 годи...
Поставен камен-темелник за изградба на автопатот Тетово–Гостивар во долгжина од 18 километри Истиот се очекува да биде завршен во 2027 година На настанот присуствуваа премиерот на Владата, Христија...
Отсекот за превенција при СВР Охрид одржа работна средба со месното население од охридските села Велгошти, Лескоец, Скребатно, Завој, Свињишта, Сирула, Косел и Вапила Средбите имаа превентивно едук...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.