Чист Охрид изминатиот викенд одржа акција околу зградите во населбата „Христо Узунов“.
-Имаше голема количина на отпад на повеќе места во таа област, вклучително и во тревниците околу зградите. Имаше очигледен недостаток од канти за отпадоци. Освен нашите волонтери, во акцијата учествуваа и други граѓани, помеѓу кои имаше и претставници на локалната самоуправа. Нашата организација е задоволна од овој гест и се надева дека во најкраток можен рок на локално ниво ќе видиме промени што се однесува до справувањето со отпадот и заштитата на животната средина, како и подигнување на свеста на граѓаните, на што треба напорно да се работи. – велат од „Чист Охрид“
Во акцијата биле собрани 12 вреќи најразличен отпад.
OhridNews












