Неформалната организација „Чист Охрид“ утре на 20-ти декември 2015 година ќе ја организира втората акција за чистење на отпадот на дел од градските површини.

Според планираното, во рамки на неделната акција ќе се чисти зелената површина на пресекот на улиците „Ѓорче Петров“ и „Даме Груев“ во населбата „Христо Узунов“.

Сите заинтересирани ќе може да се приклучат на акцијата на збирното место на задниот влез на училиштето „Христо Узунов“ со почеток во 12 часот.

Активистите од иницијативата „Чист Охрид“ слична ваква акција спроведоа и во текот на минатиот викенд. 

OhridNews