Србинот Новак Ѓоковиќ ја освои титулата на Вимболдон. 31-годишниот тенисер во финалето на најстариот грен слем турнир го совлада Кевин Андерсон во три сетови (6-2, 6-2, 7-6).

Вториот сет помина идентично и како првиот. Ѓоковиќ во првиот гем и петтиот гем направи брејк за водство 1-0 односно 4-1. Повторно, Ѓоковиќ на свој сервис беше непогрешлив и дуплираше водство во сетови 2-0.

Во третиот сет Андерсон се разигра и победникот се одлучуваше после тај брејк, откако ниту еден тенисер не изгуби гем на свој сервис. Ѓоковиќ подобро го отвори тај брејкот поведе со 5-1 и рутунски ги освои двата преостанати поени за четвртата титула на Вимболдон, а вкупно 13-та од грен слем турнирите.

Со оваа титула Ѓоковиќ докажа дека се уште има шампионска крв во него и оти не го кажал последниот збор во белиот спорт.

Мх.П.