Екипите на Јувентус и Наполи ја продолжија победничката низа на пет натпревари во Серија А, откако во петта рунда од шампионатот славеа против Фиорентина (1-0) односно Лацио (3-1).
„Бјанконерите“ до трите бодови стигнаа со голот на Марио Манџукиќ во второто полувреме, додека „азурите“ со пресврт успеаја да го совладаат Лацио со 3-1. Стрелци за „наполитанците“ беа Кулибали, Каљехон и Мертенс.
На победа во петтата рунда се радуваа Милан и Рома кои славеа против Спал со 2-0 односно Беневенто 4-0.
Резултати: Беневенто – Рома 0-4, Милан – Спал 2-0, Каљари – Сасуоло 0-1, Џенова – Киево 1-1, Верона – Сампдорија 0-0, Јувентус – Фиорентина 1-0, Лацио – Наполи 1-3, Удинезе – Торино 2-3, Аталанта – Кротоне 5-1.
Табела: Наполи 15, Јувентус 15, Интер 13, Милан 12, Торино 11, Лацио 10, Рома 9..
OhridNews












