Енди Мареј и Рожер Федерер забележаа чисти и уверливи победи во третиот ден од завршниот АТП турнир во Лондон.


Вториот рекет во светот Федерер со 2-0 во сетови (6-3, 6-2) го совлада Јапонецот, Каи Нишикори додека Милош Раониќ пружи поголем отпор во дуелот со Мареј губејќи (6-3, 7-5).

Федерер е водечки во групата со две победи, а по една победа имаат Мареј и Нишикори додека Раониќ без победа е последнопласиран.

Мх.П.