Следејќи ги светските трендови, фирмата „АКВА КЛИН ИНВЕСТ“, отвара нова самоуслужна автоперална во која своите автомобили и други превозни средства можете да ги исчистете брзо и едноставно, по најповолни цени.

Системот за наплата работи со монети од 10 и 50 денари, а сами го одредувате времето и програмот што ви е потребен.

Средствата кои се користат за миење на автомобилите, мопедите и другите превозни средства се со исклучителен квалитет и био-разградливи.

Автопералната се наоѓа на улица „15-ти Корпус“ бр.61. Работи од 6 до 24 часот.

За наредниот период, сопственикот на автопералната, најавува зголемување на услугите и надградба и усовршување на системот со цел поефикасен третман на возилата.

Фирмата АКВА КЛИН Инвест неодамна ја отвори првата автоперална од овој вид, која се наоѓа во близина на основното училиште „Христо Узунов“.

OhridNews