Течат последните подготовки пред почетокот на 51-то издание на најзначајната културна манифестација во земјата, фестивалот „Охридско лето“. Се подготвуваат сцените и сценариото за свеченото отворање на 12-ти јули, на кое ќе присуствуваат видни гости, меѓу кои и неколку шефови на држави. Пред официјалниот почеток на фестивалот се дотеруваат и просториите во кои е сместена дирекцијата на „Охридско лето“. Се чисти и освежува, се бојадисува и проветрува.


Генералка во дирекцијата на Охридско лето

По вчерашната генералка фестивалската управа денеска ќе одржи прес конференција на која ќе бидат соопштени деталите за свеченото отворање на 51-то „Охридско лето“.

OhridNews