Еден од двата полски преставници во ракометната Лига на Шампиони, Висла Плок на чуден и необичен начин се подготвува за реванш мечот со Вардар во 1/8 финалето од Лигата на Шампиони.


Тимот на Висла на пет дена од мечот да се биде или не најави чистка во составот со раскинување на договорите со пет ракометари. На списокот се наоѓаат Иван Никчевиќ, Родриго Коралес, Марко Онето, Анхел Моторо и Бартош Кониц.

– После долги разговори со новиот тренер Пјотр Пжибецки се одлучивме за овој тежок потег. На некој начин бевме и приморани на оваа одлука бидејќи од следната сезона на сила стапува новото правило за ограничувањето на странците во екипата, па не сакаме неколку играчи да ни седат на трибини во текот на мечевите. – рече претседателот Артур Зјелински.


Првиот меч меѓу Висла и Вардар одигран во Плок заврши без победник (30-30), а одлуката за патникот во 1/4 финалето ќе падне во Јане Сандански во сабота на 26 март.

OhridNews