ЈП „Охридски Комуналец“ и Општина Охрид во недела го организираат pop-up настанот „Чисто е убаво – Охрид селектира“ кој има за цел на интересен и интерактивен начин, преку едукативни игри, активности и забава за сите возрасти, да ја доближи темата на селекција и правилно постапување со отпад до граѓаните и посетителите.

На настанот, граѓаните ќе имаат можност да учествуваат во повеќе активности под водство на наставниците и учениците од дел од основните училишта кои се вклучени во едукативната програма на проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“. Преку игра, на забавен начин тие ќе можат да научат повеќе за процесот на селектирање отпад како и за значењето на правилното постапување со отпад. Настанот ќе биде придружен со музика, информативни и едукативни материјали. Ве покануваме да го проследите настанот и да придонесете во пренесувањето на пораката дека чист град е убав град!, велат организаторите.

Настанот е организиран со поддршка од проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“, финансиран од Шведска и реализиран од SALAR International.

Истиот ќе се одржи на градскиот плоштад од 11:30 до 13:30 часот.

OhridNews