Голем број честитки пристигнаа до редакцијата на OhridNews по повод 11-от роденден на порталот. Читатели, пријатели на медиумот, јавни личности, политичари… го честитаа роденденот на OhridNews на социјалните мрежи.

Честитки за 11-от роденден на OhridNews пристигнаа и од колегите.

„Почитувани колеги,

Дозволете да ви ги упатам моите искрени честитки и желби, по повод вашето 11. годишно успешно егзистирање на македонската медиумска сцена. Вашиот пример е потврда дека, во денешниот современ свет и со денешните информатички средства и алатки во сајбер просторот, се брише границата мегу локалното и централното, мегу центарот и периферијата. Вие потврдувате дека Охрид има не само бројна, туку високо професионална медиумска заедница, чии производи се дел од националната и интернационална медиска сцена. Со моето професионално искуство, можам да ви порачам дека нас професионалните новинари не создаваат амбиентот и настаните, а нашиот Охрид е од Бога создаден како таков. Само од нас зависи колку ќе умееме да ја искористиме компаративната предност. Ви посакувам лична и професионална кондиција во вашата, односно нашата многу напорна, одговорна, но истовремено и чесна професија. Како што ја чувате личната, продолжета да ја чувате и професионалната чест. Ви посакувам многу успешни години. 

Искрено од вашиот колега, Веле Митаноски.“

Им се заблагодаруваме на сите за убавите зборови и честитки со ветување дека остануваме на курсот по кој OhridNews успешно плови во медиумскиот простор единаесет години, почитувајќи ги новинарските стандарди, како и етичките и моралните начелата на професионално информирање на јавноста.

OhridNews

11 години OhridNews – Рефлексија на успехот