Охридската библиотека продолжува со процесот на осовременување на своето работење. По теркот на библиотеките во светот, во охридската установа е воведен КОБИС три системот кој во голема мера го поедноставува начинот на техничко обработување на книжниот фонд со кој располага библиотеката. Во следниот период ќе биде инсталиран и КОБИС три позајмица системот кој нуди повеќе поволности за читателската публика.

Нашите членови од дома со влегување во системот на библиотеката ќе можат да имаат увид врз книгите кои се слободни за изнајмување, да резервираат книга која сакаат да ја земат штом таа се врати од страна на друг читател.Овој систем е еден од најсовремените кои се користи во светот, објаснува директорката на НУ библиотека „Григор Прличев“, Александра Белевска.

Проектот кој е одобрен од страна на министерството за култура е дел од постапката за автоматизација на библиотечните процеси.

Вработените од охридската библиотека во изминатиот период веќе посетија неколку обуки за да можат непречено да го користат новиот систем на издавање книги, а обуки ќе следат и во текот на оваа година.

Т.К.