На северот на Мексико се појавил нов тренд, чизми со голем шпиц. Чизмите станале популарни пред околу една година кога почнале да се носат чизми со мал шпиц. Во меѓувреме луѓето почнале да претеруваат па шпицовите станувале се поголеми и поголеми. Чевларот Дарио Калдерон раскажал дека во работилницата му дошол некој човек со фотографија од чизми со шпиц и барал да му направи исти такви, но со уште подолг шпиц.


Чизмите на сликата имале шпиц од 60 сантиметри, а тој побарал шпиц од 90 сантиметри. Откако ги направил, Калдерон рекол дека момчињата само доаѓале со нарачки. Почнале да ги носат сите, од момчињата кои оделе во црква до оние кои излегувале во дискотеките. Пралелно со чизмите се појавила и музика на која се танцувало со нив. Музиката била комбинација на шпански и африкаснки ритмови, колумбиска музика и модерната хаус музика.