Секојдневието на работниците, нивните грижи и радости, е она што најмногу ги интересира членовите на Општинската организација на Граѓанската опција за Македонија од Охрид, потенцираат од ОО на Гром.

Поаѓајќи од тоа, еден ден пред големиот христијански празник Прочка, претседателот на ОО на партијата, Љупчо Настоски и  дел од членовите на ГРОМ – Охрид организираа заеднички ручек со мајсторите, градежниците и останатите работници кои се вклучени во изградбата на манастирот „Св.Спас“ во Горно Лакочереј. При посетата на манастирот, членството на ГРОМ имаше прилика да види како се одвиваат работите на манастирот, а воедно и да ги сослуша проблемите со кои се соочуваат работниците.

Од партијата додаваат дека со овој скромен потег ГРОМ – Охрид продолжува да потврдува дека е општествено-одговорна партија, блиска со граѓаните.

OhridNews